Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска во просториите на општината одржа приемен ден за голем број жители на Аеродром.
-Тој во разговор со секој од нив ги сослуша нивните барања, сугестии и конструктивни идеи, кои покрај остварување на нивните лични права, придонесуваат и за создавање уште поубав и поуреден Аеродром, информираат од Општината.
Ваквата директна комуникација станува редовна пракса на градоначалникот, а ќе бидат примени сите аеродромци кои ќе побараат средба, затоа што за подобрување на животот во Општината важно е мислењето на секој еден граѓанин.