Традиционалниот 23-ти Шри Чинмој маратон ќе се одржи утрово. Маратонот започнува во 7:30 часот, а почетокот на полумаратонот е во 8:30 часот. Старт на трката е во Градскиот парк – Скопје, во близина на Луна паркот.

Патеката е кружна со должина од 1731 метар и се трчаат 12 круга за полумаратон и 24 за маратонот. Мерењето на времето се врши електронски, со чипови. Победници се прогласуваат во апсолутна категорија, како и во категории по возраст, за прво, второ и трето место.

– На сите учесници кои ќе го завршат маратонот или полумаратонот им се доделува медал и диплома. За сите финишери на маратонот и полумаратонот следува медал и диплома која ќе им биде испратена дополнително по завршувањето на трката, а на победниците на прво, второ и трето место им се доделува пехар, медал и диплома, информираат организаторите на настанот.

Во земјава „Шри Чинмој Маратон Тим“ постои од 1990 година, како дел од здружението на граѓани „Шри Чинмој Центар“. Од 1997 формирано е како посебно спортско здружение – атлетски клуб. Денес „Шри Чинмој Маратон Тим“ е член на Атлетската федерација на Македонија и активно учествува со сопствена организација на маратонски и улични трки, како и со ко-организација на заеднички спортски настани.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2022 11:41