Во текот на вчерашниот ден (02.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 188 возачи.

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2022 13:10