Екипата на Бутел Скопје го освои шампионскиот трофеј во кадетска конкуренција. На завршниот турнир одржан викендот во Охрид, ракометарите на Бутел најпрво во полуфиналето го совладаа тимот на Охрид со 24:23, а потоа во финалето беа поуспешни од Алкалоид со 22:20.

Во натпреварот за 3. место, Охрид го победи Пролет на пенали со 6:5 откако резултатот беше нерешен 40:40.

За најкорисен играч (МВП) на Ф4 е прогласен Петар Цветковски од Бутел. Најдобар стрелец е Славчо Шулевски од Охрид. Најдобар голман – Наум Симјановски од Бутел.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2022 12:45