Казнети се 114 возачи од Куманово, изминатиот викенд во засилените акциски контроли, соопштија денеска од СВР Куманово.
За возење повеќе од дозволената брзина изречени биле 89 санкции, 18 санкции за возење под дејство на алкохол и седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Засилените акциски контроли ќе продолжат и наредниот период. Полицијата апелираше до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.