Градот Скопје и јавните градски претпријатија денеска започнаа акција за пролетно генерално чистење на скопската општина Аеродром што ќе трае сè до крајот на тековната недела.
Покрај активностите за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации, ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ќе започне и со отстранување на две диви депонии лоцирани во оваа скопска општина.
На следните локации ќе бидат поставени специјални садови во коишто жителите на општината Аеродром ќе можат да го одложат својот кабаст отпад што во текот на акцијата ќе биде подигнат и транспортиран од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје:
1. Населба: Јане Сандански (04.04.2022-10.04.2022) бул АСНОМ бр.68;
2. Населба: Ново Лисиче (04.04.2022-10.04.2022) бул. Видoe Смилевски Бато бр.19;
3. Населба: Ново Лисиче (04.04.2022-10.04.2022) бул.АСНОМ бр.5 (кај „Рамстор“);
4. Населба: Лисиче (04.04.2022-10.04.2022) ул.„Ернест Телман“ кај препумпната станица;
5. Населба: Лисиче (08.04.2022-10.04.2022) ул.„Димитар Туриманџовски (спроти Спорт лајф);
6. Населба Стар Аеродром (04.04.2022-07.04.2022) ул.Коста Новаковиќ бр.48 (23 Октомври бр.29);
7. Населба: Мичурин (08.04.2022-10.04.2022) ул.„Анастас Митрев“, зад картонажата, кај трансформаторот.
Во рамките на акцијата за чистење што во текот на изминатата недела се одвиваше во општината Карпош, заклучно со 03.04.2022 година, во специјалните садови на ЈП Комунална хигиена Скопје беа одложени вкупно 192 кубни метри кабаст отпад.