Жителите од зграда 103 висока зона на булевар „Јане Сандански” во населбата Аеродром денеска од 09:10 часот ќе останат без вода.
Од „Водовод и канализација” информираат дека прекинот е поради дефект на водоводен затворач и ќе трае до санирање на дефектот.
Поради уличен дефект на водоводна цевка, вода ќе немаат и корисниците од од зграда бр. 95 до бр.105 на бул „Јане Сандански”.