На 04.04.2022 околу 17.30 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 21-годишниот С.Д. од гостиварско Чегране.
Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. По приведувањето тој бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.