На 04.04.2022 во 14.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.А.(55) од Липково.
Тој, во спортска обложувалница на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово се обидел да одземе пари од вработената.
Л.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.