Денес 05.04.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со проект менаџерот од ЕУ-ИПА Георгес Папаџијаннис направија увид во изградбата на фекалниот колектор за фекалната канализација во населеното место Смилковци.

За посетата на Смилковци, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Изградбата на фекалната канализација за населеното место Смилковци влегува во завршна фаза.

За таа цел денес заедно со проект менаџерот на ЕУ-ИПА Георгес Папаџијаннис направивме увид во изградбата на фекалниот колектор во Смилковци.

Проектот за фекалната канализација во Смилковци е финансиран од страна на ЕУ - ИПА прекугранична соработка.

Во следниот период покрај завршната фаза на изградба во Смилковци, ќе се започна втората фаза на фекалната канализација во Црешево, третата фаза на фекалната канализација во Гоце Делчев и ќе продолжи поставувањето на приклучоците во населеното место Јурумлери.

Реализацијата на проектите за изградба на канализациони системи во сите населени места во кои нема фекална канализација останува во приоритетите на општината. - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2022 16:28