Од денеска ја започнавме големата пролетна работна акција на територијата на Општина Аеродром во соработка со Град Скопје.
Екипите координирано до крајот на оваа недела спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.
Како дел од оваа пролетна работна акција се собира и кабаст отпад, а деталните локации се објавени на нашата општинска страница!
Заедно со Град Скопје приоритет ставаме на чистотата.
Нашата цел е Аеродром да го врати својот сјај и одново да биде чиста и зелена општина!