По спроведена акциска контрола вчера на територијата на Република Северна Македонија санкционирани се 240 возачи поради брзо возење.

Како што информираат од МВР, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 119 надвор од населено место.

Од МВР апелираат сите учесници да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел придонес за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2022 11:47