На 05.04.2022 во 00.30 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го привеле Е.Д.(22) од Скопје.
Тој бил баран со потерница од Основен Кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Е.Д. бил спроведен до Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.