Без вода денеска од 9:30 часот се корисниците од улиците „Пере Тошев“ и „Клинска Леса“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф1“.на улица „Пере Тошев“ бр.50.

Исто така, од 9:30 часот без водоснабдување се корисниците од бул. „Видое Смилевски Бато“ од бр.1 до бр.55, поради уличен дефект на водоводен затварач (шибер) Ф80мм.на бул. „Видое Смилевски Бато“ бр.21.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2022 12:59