Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 12.00 часот го привеле И.С.(29) од Куманово, кој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

Од МВР информираа дека И.С. бил спроведен до Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2022 14:09