Стартуваме со реализација на големиот проект „Партерно уредување на локалитетот “Крст“ во с.Кучково! Оваа атрактивна туристичко-рекреативна локација конечно ќе добие современ изглед.
Партерно ќе се уредува површина од 5.456 m2.
Планирана е изградба на амфитеатар со вкупно радијално развиени 3 трибини кој ќе ги прими сите категории посетители од социолошки аспект и ќе обезбеди пријатен престој.
Во план е изградба и на две платформи чие димензионирање е според активностите и потребите на посетителите и монтажни тоалети. При проектирањето на овој проект сериозно ќе се води сметка за постојната положба на високото зеленило за да се избегне негово уништување, а дополнително да се подобри просторот со ново зеленило.
Во оваа насока, хортикултурно ќе се уредува површина од 1.750м2. Ќе биде поставена и урбана опрема, односно корпи за отпадоци, паркинзи за велосипеди, дрвени клупи, брисолеи, како и пешачки и пристапни патеки кои водат до амфитеатарот и се дизајнирани со пристапни рампи за лицата со попреченост.
Локацијата ќе биде и осветлена со поставување улични светилки-канделабри и подни ЛЕД светилки. Вкупните средства претставуваат неповратни ГРАНТ средства за успешност од МСИП2-проектот на Светска Банка, кој е доделен како резултат на успешно реализиран заем од истата програма.
Продолжуваме со реализација на ветените проекти! Граѓаните заслужуваат модерна и урбана општина.