На 9-ти Април во МКЦ Клуб Ресторан со свое стенд-ап шоу ќе настапи Ненад Шиља Стефановски, македонски комичар кој живее и работи во Белград. По повеќе од 500 настапи во изминативе неколку години тој вели дека настапот во Скопје, пред домашната публика, му е најголем предизвик.
Пред шоуто на Ненад, Skopje Comedy организираше и open mic за да им даде шанса на новите комичари кои сакаат да се пробаат на сцената и да ја насмеат скопската публика. Од отворениот повик за нови комичари беа одбрани 5 таленти кои ќе спремат краток комичен материјал со кој ќе настапат. Меѓу нив се: Дамјан Коложек, Кристијан Бенито, Игор Стојанов, Ангела Стојановска и Александар Таковски.
Skopje Comedy Ве кани да присуствувате на најдоброто шоу во градот кое не би сакале да го пропуштите. Билетите се по цена од 400 денари и можат да се купат на bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ.