Ракометарите на Вардар 1961 одиграа вечерва нерешено 31-31 (13-18) во реванш осминафиналниот натпревар против унгарски Веспрем на гостински терен и со вкупен резултат од 53-61 се елиминирани од Лигата на шампиони.
По минатонеделниот пораз од унгарскиот шампион во Скопје (22-30), Вардар не успеа да направи сензација на реваншот, но достојно се збогува со европската елита.
Веспрем замина на полувреме со предност од 18-13 и ја одржуваше разликата до средина на второто полувреме (26-21).
Македонскиот шампион навести неизвесна завршница со серија од 3-0 за до крајот на дуелот целосно да ја анулира негативата за конечни 31-31.
Моралес со шест голови беше најефикасен во редовите на македонскиот состав, кој сега ќе се фокусира на одбрана на титулата во домашното првенство.