Полицијата санкционирала 15 пешаци за пет часа на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, информираше кумановската полиција.
Секторот за внатрешни работи во Куманово информира дека акциската контрола за откривање прекршоци кои ги прават пешаците била спроведена вчера и биле санкционирани вкупно 15 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи, од нив девет во Куманово и шест во Крива Паланка.
Од полицијата информираат дека ќе продолжат со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период.
– Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, стои во соопштението.