Во текот на вчерашниот ден (06.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возач.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 81 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 110 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2022 13:22