На 06.04.2022 година во 15.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. (26) од Куманово.

Тој се сомничи дека извршил кражба во склад за огревни дрва на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и во деловен објект на улицата „Иво Лола Рибар“, од каде одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2022 14:03