На Светскиот ден на здравјето се посветивме на учениците со попреченост. Интензивно работиме во насока на подобрување на условите за соодветно и еднакво образование, но и на зајакнување на инклузивните капацитети.
Во ООУ „Ѓорче Петров“ денеска ја отворивме втората сензорна соба на територија на општината наменета за лица со и без образовни потешкотии, опремена со реквизити и стимулаторни алатки, придружени од стручна служба, специјален едукатор и рехабилитатор.
На ваков начин се грижиме за ранливата категорија на ученици. Во ова училиште околу 20-тина дечиња ќе имаат придобивка од овој значаен проект.
Општина Ѓорче Петров останува фокусирана на инклузијата и на еднаквоста во сите сфери. Во оваа насока, размислуваме и за отворање дневен центар наменет за социјално-ранливи категории.
Благодарност до општествено одговорните – фондацијата „Чекор по чекор“, здруженијата „Инклузива“ и „Хендимак“, општествено одговорната компанија „Зегин“ и фондацијата „Верица Механџиска“ кои помогнаа во реализација на сензорната соба