По објавените содржини на социјалните медиуми од страна на вработена во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, а кои се однесуваат на неправилности во работењето на установата, како и несоодветна грижа за корисниците на социјални услуги, инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерството за труд и социјална политика извршиле вонреден инспекциски надзор во кој било конатстирано дека нема неправилности во постапувањето и работењето на Заводот.
– По извршените разговори со директорот и вработените во Заводот, направен е и увид во просториите кои што ги користат корисниците во установата. Од страна на инспекторите е установено дека, согласно фактичката состојба на терен, сите простории се користат, корисниците имаат пристап до истите и слободно се движат како во институцијата, така и во дворот и притоа, се во присуство на вработени во установата, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Констатирано било и дека просториите во кои се корисниците се уредни, чисти и со опрема во согласност со нивните потреби. Во близина на секоја просторија која што ја користат корисниците има тоалети кои се отворени и кои се на нивно располагање.
– Согласно инспекцискиот надзор во однос на наводите изнесени од страна на вработената во установата кои се однесуваат на просториите и условите во кои што се корисниците не се констатирани неправилности во постапувањето, велат од Министерството за трид и социјална политика.
Во соопштението се доставени фотографии за фактичката состојба на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, за време на инспекцискиот надзор извршен од инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата.