Во дербито на Западната конференција во НБА лигата кошаркарите на Феникс триумфираа над Јута на гостински терен со 111-105, предводени од Хрватот Бојан Богдановиќ, кој постигна 21 поени и додаде седум скокови.

„Санси“ со оваа победа ја потврдија првата позиција на Западот, додека Јута остана петтопласирана на табелата пред завршните натпревари од регуларниот дел на сезоната.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Детроит-Милвоки 101 – 131, Вашингтон – Њујорк 92-114, Бруклин – Кливленд 118-107, Торонто – Хјустон 117-115, Мајами – Атланта 113-109, Чикаго – Шарлот 117-133, Далас – Портланд 128-78, Јута – Феникс 105-111, ЛА Лејкерс – Оклахома 120-101.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2022 10:29