Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“.

Лишени од слобода биле Е.И.(20), Ш.И.(49), двајцата од Скопје. Е.И. бил затекнат заедно со својата малолетна сестра, ќерка на Ш.И., при питачење на крстосница на булевар „Гоце Делчев“.

Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 201 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2022 04:16