Денеска во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Е.Н.(33) од тетовско село, затоа што околу 02 часот физички ја нападнал неговата 27-годишна невенчана сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.04.2022 во 04:30 часот во СВР Скопје, триесет и четири годишна жена од Скопје пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер М.М.(37) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2022 04:17