На 09.04.2022 околу 15:30 часот во СВР Битола, В.А.(77) од Битола пријавила дека околу 15:30 часот во нејзина нива на улица „Индустриска“ настанал пожар од отпушок од цигара кој го фрлила, но пожарот не успеала да го изгасне.

Според пријавеното, пожарот се проширил на соседната фабрика, а при обид да го изгасне пожарот, со повреди се здобил М.Ѓ.(29), вработен како обезбедување.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат. Увид извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2022 04:17