Во Полициската станица Делчево, во текот на вчерашниот ден било пријавено дека покрај патот во село Киселица, делчевско, бил пронајден починат Ѓ.И.(54) од Делчево, за кој на 08.04.2022 неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од домот.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. Увид извршила екипа на ОВР Делчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2022 04:17