Од ЈП „Водвод и канализација" – Скопје денеска соопштија дека, според направените анализи е потврдено дека, водата во Скопје е безбедна за пиење.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 4 април 2022 до 8 април 2022 зема 202 примероци за физичко-хемиска и 202 примероци за микробиолошка анализа на вода запиење од 52 мерни места во град Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведоа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.