Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Битола на возраст од 34 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
При контрола на автомобилот на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, на 9 април, во пределот на потпирачот на возачкото седиште од автомобилот на осомничениот, откриено е наркотична дрога – 7,4 грама кокаин и 1,19 грама марихуана.
Со решение од надлежниот суд, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.