Педесет и петгодишен жител на Пробиштип агресивно се однесувал кон здравствените работници во Клиничка болница-Штип, а физички нападнал и полицаец. Надлежните од СВР-Штип информираат дека настанот се случил синоќа.

– Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 55 годишниот З.К. од Пробиштип бидејќи околу 23.00 часот во Клиничка болница Штип агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија. З.К. бил задржан во Полициска станица, вели во соопштението на СВР-Штип.

По целосно документирање на случајот против 55 годишниот З.К ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2022 14:31