На територија на град Скопје во ткеот на вчерашниот ден се изречени вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Од МВР денеска информираа дека се изречени 11 мерки за користење мобилен телефон, 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 52 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2022 09:09