На ул.„Прилепска“ во Битола вчера полициски службеник од Отсекот за општ криминал при СВР Битола го лишилe од слобода А.Џ.(24) во Битола.

Од МВР информираа дека тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во објект во изградба.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против А.Џ. ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2022 10:35