Јапонскиот технолошки гигант „Сони“ инвестираше околу една милијарда долари во американската компанија за компјутерски игри „Епик гејмс“. Ова е соопштено на интернет-страницата на корпорацијата.

„Преку оваа инвестиција, со нетрпение очекуваме да ја прошириме и продлабочиме нашата соработка со ’Епик гејмс‘ заради можностите што ќе доведат до создавање нови начини на забава“, се вели во објавата на „Сони“.

Инаку, „Епик гејмс“ е компанијата-создавач на една од најпопуларните игри денес – „Фортнајт“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2022 10:56