Спортската сала, во склоп на основното училиште „Страшо Пинџур“, во населбата „Даме Груев“ добива нов кров. Ова ќе значи крај на прокиснувањата при секој дожд.

Азбесниот кров е минато, а ова ќе значи подобрени услови за секој ученик, но и спортист.

Промената на кровот е отпочната, а станува збор за површина од 700 м2. Реконструкцијата на покривот е во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, кој го спроведува МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC , на кои им благодариме на поддршката.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2022 11:08