На 12.04.2022 во 03.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(29) од Куманово. Тој се сомничи дека претходниот ден извршил кражба во деловен објект на улица „Гоце Делчев“ од каде одзел повеќе предмети.
Е.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.