Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Илинден и Зелениково, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците од ДМ Транс, Општина Илинден.
Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на село Зелениково, Општина Зелениково.