На 11.04.2022, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Т.Л.(47) од Демир Капија, затоа што со службениот пиштол, сопственост на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што работи, му се заканил на неговиот брат.

Т.Л. бил приведен во полициска станица, а при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени пиштолот, 1 рамка со 9 куршуми 7.62 ммм и службена легитимација од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Македонија – Шумски полицаец.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2022 19:52