Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје регистрира 169 прекршоци, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29, 11 за возење без возачка дозвола, 15 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, дополнително изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за прекршоци од пешаци, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, а по три за вградени затемнети стакла, за возење под дејство на алкохол, и за минување на затворен сигнал, како и 40 за непрописно паркирање.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни и посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2022 09:50