На 12. април во 21:15 часот во село Зубовце, Општина Врапчиште, гостиварската полиција ги лишила од слобода М.С.(40), Ј.С.(39) и М.А.(43), сите од село Калиште, Општина Врапчиште. При преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“, со италијански национални ознаки, во кое биле тројцата, биле пронајдени и одземени 14 опаковки кокаин.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, тие биле биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2022 10:12