Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 226 возачи.

-Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 105 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место, информираат од МВР.

МВР укажува дека ќе ги продолжи засилените акциски контроли и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2022 10:15