Од „Водовод и канализација“ информираат дека поради промена на дел од водоводна цевка на булеварот „Александар Македонски“ раскрсница со „16-та Македонска Бригада“ во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе има новата зграда во близина на семафорите.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до санирање на дефектот.