Кумановската полиција санкционираше 22 возачи во засилената акциска контрола, информираа денеска од СВР Куманово. Контролата била извршена во текот на вчерашниот ден.
Од вкупните санкции 16 биле изречени за возачи кои возат повеќе од дозволената брзина, додека шест санкции полицијата изрекла поради недавање првенство на минување на пешаци.
Акциските контроли ќе продолжат наредните денови. Од кумановската полиција апелираа до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да се придонесе за побезбедни патишта.