Службите на Општина Аеродром во изминатиот период извршија тековна санација на ударни дупки, прекопи, како и оштетени улици и тротоари, кои го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот и безбедното движење на пешаците.

Оваа тековна активност на општинските служби ќе опфати санација на делови од 30 улици, паркинзи и тротоари низ Аеродром, за што вкупната сума изнесува речиси 700.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2022 11:35