Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар денеска во 12:00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје го лишиле од слобода И.С.(55) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 03.03.2022 на автобуска постојка кај Народна банка извршил џепна кражба и од Е.Т.Ј. од Скопје одзел платежна картичка со која подигнал пари.
По преземени мерки и обезбеден доказен материјал било утврдено дека И.С. е сторител на делото.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.