Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје изрече 125 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, девет за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за нерегистрирани возила, соопшти МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.