Во текот на вчерашниот ден во засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 194 возачи.
Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека 94 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 100 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.