Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари – Чаир", денеска во средното училиште „Зеф Љуш Марку", ќе реализира показно – тактичка вежба за евакуација на ученици, наставен кадар и технички персонал.

– Овие активности ги правиме со цел да ја подигнеме свеста за правилна евакуација во случај на елементарна непогода т.е да ги едуцираме учениците, наставниците, граѓаните како правилно да се заштитат, евакуира во случај на незгода, велат од ДПД „Бајрам Мифтари – Чаир".

Целта е, како што велат организаторите, подигнување на свеста за правилна евакуација во случај на елементарни непогоди.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2022 10:36