Пакети со основни прехранбени и хигиенски производи денеска ќе им бидат доделени на семејства со висок социјален ризик од општина Центар.
Пакети ќе добијат 150 семејства со висок социјален ризик, две згрижувачки семејства, две мали групни домови за деца со попреченост и околу 150 пензионери.
На настанот најавено е присуство на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, градоначалникот наа Општина Центар, Горан Герасимовски и претседателот на Здужението „Банка за храна", Душко Христов.
Пакетите се доделуваат со поддршка од општествено одговорни компании во државата, секој месец.