Густиот црн чад што попладнево се издига во центарот на Скопје, е од пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“, потврдија за МИА од Противпожарната единица на Град Скопје.
На местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.
Засега нема инфомации што точно гори и од што е предизвикан пожарот.